Премиерот на Канада: Ако Нетанјаху влезе во нашата земја, ќе го уапсиме

Макфакс

20/10/2025

11:52

189

Големина на фонт

а а а

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ако влезе во Канада.

Во интервју за Блумберг, Карни беше прашан дали ќе ја исполни обврската на неговиот претходник Џастин Трудо да го притвори Нетанјаху по обвинение за воени злосторства, на што Карни одговори позитивно.

Меѓународниот кривичен суд минатата недела го отфрли барањето на Израел да поднесе жалба на налозите за апсење издадени од МКС за Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради војната во Газа.

Во пресудата донесена минатата година, МКС најде „разумни основи“ да верува дека Нетанјаху и Галант сносат „кривична одговорност“ за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел ги негира сите обвинувања.