[ВИДЕО] Мото ГП возач удрил во галеб па остварил победа: „Тоа можеше да биде масакр“

Точка

18/10/2025

17:31

580

Големина на фонт

а а а

Возачот на „Априлија“, Марко Бецеки (26), победи во спринт-трката на Големата награда на Австралија, Мото ГП, а неговата победа беше обележана со судир со галеб.

И покрај лошиот почеток, Италијанецот ја освои својата трета спринтерска победа во сезоната откако ја поминал целната линија со повеќе од три секунди предност пред Раул Фернандез од „Тракхаус“.

Меѓутоа, за време на загревачкиот круг, на патеката се појавило јато галеби, а еден од нив директно се забил во Бецеки.

Италијанецот речиси ја изгубил контролата врз својот мотор, но за среќа успеал да продолжи.

„Жал ми е за галебот и жал ми е што нè исплаши. За среќа, галебот не го оштети моторот. Не беше само еден галеб, беа повеќе и тоа можеше да биде масакр“, изјави Бецеки за „DAZN“ по трката.


Покрај Бецеки и Фернандез, на подиумот заврши и третопласираниот Педро Акоста од „KTM Racing“.