[ФОТО] Сината линија на носталгијата: Шолјите што ги имала секоја екс-Ју кујна: Денес се „винтиџ богатство“

Точка

18/10/2025

18:42

776

Големина на фонт

а а а

Ако сте родени во Југославија или едноставно сакате ретро естетика, сигурно барем еднаш сте виделе или користеле бели шолји со тенка сина линија околу работ.

Тие не беа само обични шолји – тие беа дел од секојдневниот живот, од градинки до омилени кафулиња.

Ги изработуваа жените од Југокерамика, фабрика во Запрешиќ која од 1953 година стана синоним за керамички и порцелански дизајн.

Нивниот најпознат производ, сетовите за кафе Арена, познати и како „сетови со сина линија“, беа незаобиколиви во училиштата, фабриките, хотелите, рестораните, па дури и на терасите на Јадранското Море.


Дизајнери како Аница Кухта Северин и Марта Шрибар создадоа производи кои беа наградени, па дури и изложени на Миланското триенале во 1957 година.

Сината линија на тие шолји и чинии денес е повеќе од детаљ – таа е икона на едно време и стил, нешто што секој што ја сака ретро естетиката веднаш го препознава.

Фабриката беше затворена во 2009 година, но дел од колекцијата заврши во Музејот на уметност и занаети во Загреб, а шолјите со сина линија сè уште може да се најдат на веб-страниците за половни производи – а чинат околу 500 денари.

Ако сакате винтиџ работи и естетика што комбинира едноставност и шарм, овие шолји дефинитивно треба да ги имате.