Шкендија ги одреди цените за првиот домашен натпревар во Конференциската лига

Дерби

17/10/2025

11:51

145

Големина на фонт

а а а

Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија ги одреди цените за првиот домашен натпревар во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА.

Шелбурн од Република Ирска е ривалот со кој „црвено-црните“ ќе ги одмерат силите на 23 октомври (18:45 часот) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Од денеска сите навивачи на Шкендија, фудбалски фанови ќе можат да дојдат до билети и тоа преку продажната мрежа на „МкТикетс“, а физички ќе бидат достапни во Тетово, во „Монако Тобако“. Цените се од 500 до 800 денари во зависност од трибината и блокот.

Инаку билети ќе можат да се набават и на билетарата пред стадионот, ама само на денот на натпреварот.

Само за посетување Шкендија доживеа пораз на првиот меч во Конференциската лига и тоа од Рајо Валјекано со 2-0.