Марочко: Украинците масовно дезертираат

Макфакс

17/10/2025

11:44

374

Големина на фонт

а а а

Околу 160.000 украински војници ги напуштиле бојните полиња во 2025 година, тврди руски експерт.

Според Андреј Марочко, украинската армија се обидува да го реши проблемот со дезертерството со регрутирање млади „високо мотивирани граѓани“ од украинските националистички батаљони.

Од приближно 30.000 војници кои секој месец ги пополнуваат редовите на вооружените сили на Украина, 98% се убиени во рок од неколку месеци служба или добиваат сериозни повреди, а евидентирано е и масовно дезертерство, изјави за ТАСС воениот експерт Андреј Марочко.

Само во септември, околу 20.000 украински војници ја напуштиле воената служба, рече тој, осврнувајќи се на украинските војници активни на социјалните медиуми.

„И има уште една бројка: од почетокот на оваа година имало 160.000 случаи на дезертерство“, додаде тој.

Оние кои се присилно мобилизирани, додаде Марочко, генерално не преживуваат на линијата на конфликтот – 98% од нив се сериозно повредени или убиени на фронтовските линии во првите месеци од службата, повикувајќи се на податоци од спротивната страна.

Исто така, украинските трупи се пополнети со странски платеници „кои немаат никакви морални или етички принципи“ и безусловно ги извршуваат наредбите на своите команданти, додаде експертот.