Понежно и поболно од љубовно писмо: Ал Пачино собрал сила да проговори за смртта на Дајан Китон, неговата најголема љубов

Точка

17/10/2025

10:31

1.368

Големина на фонт

а а а

Речиси една недела откако беше објавено дека почина Дајан Китон, оскаровецот и нејзин поранешен партнер конечно собра сила да ѝ се обрати на јавноста – и тоа на исклучително трогателен начин.

Дајан Китон, легендарната американска актерка која одбележа некои од најзначајните филмови на 20-от век, почина на 11-ти октомври во Лос Анџелес, на 79-годишна возраст.

Многу истакнати холивудски личности ѝ оддадоа почит преку емотивни пораки веднаш по објавувањето на тажната вест, но не и актерот Ал Пачино (85), една од нејзините најголеми љубови.


Оскаровецот, за кого блиски пријатели по нејзината смрт открија дека со децении се каел што никогаш не ја оженил актерката, сега сепак одлучил и самиот да ѝ оддаде почит на славната уметница со која соработуваше на снимањето на филмот „Кум“.

„Кога ја чув веста, бев потресен“, изјави тој за „Deadline“. „Дајан беше моја партнерка, моја пријателка, некој што ме правеше среќен и повеќепати влијаеше врз текот на мојот живот. Иако поминаа повеќе од 30 години откако не сме заедно, спомените на тоа остануваат живи, а со веста за нејзината смрт се вратија со сила што е и болна и трогателна“.

Дајан Китон и Ал Пачино, чии турбулентни љубовни односи се добро познати, го играа парот Кеј и Мајкл Корлеоне во „Кум“ (1972), а беа во врска со прекини во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години, сè додека актерката не му постави ултиматум – брак или крај.


„Живееше без ограничувања и сè што ќе допреше носеше непогрешлива енергија“, рече Пачино за Дајан. „Им отвораше врати на другите, инспирираше генерации, нејзиниот талент беше нешто што се случува еднаш во животот и тоа се гледаше и во нејзината работа и во животот. На екранот имаше нешто магнетно – гром и шарм, урагани и нежност. Беше чудо. Актерството беше нејзина уметност, но тоа беше само еден од начините на кои ја покажуваше својата имагинација и креативност“.

Пачино додаде дека неговата поранешна девојка и славна актерка била „незапирлива, отпорна и, пред сè, длабоко човечна“.