Хјулманд за Вирц и лошиот старт во Ливерпул: Тоа е невозможно, покажете ми играч…

Дерби

16/10/2025

12:28

174

Големина на фонт

а а а

Германскиот репрезентативец, Флоријан Вирц од оваа сезона е дел од англискиот првак Ливерпул, тим во кој направи трансфер од редовите на Баер Леверкузен.

За него беа издвоени преку 100 милиони евра и многумина веруваа дека веднаш ќе „кликне“ и ќе почне да прави разлика во тимот од „Енфилд Роуд“. Меѓутоа тој има бавен старт, нема гол, ниту асистенција на девет средби во Премиер лигата и Лигата на шампионите, па веќе почнува да го чувствува притисокот, но и критиките од јавноста.

Англичаните знаат да бидат брутални и ако Вирц не проработи во следниов период дополнително ќе биде критикуван особено ако „црвените“ не победуваат. Тој од друга страна доби поддршка од Германија од селекторот Јулијан Нагелсман, потоа Јирген Клоп, Илкај Гундоган, а зад него застана и сегашниот предводник на Леверкузен, Каспер Хјулманд.

- Ајде, само што пристигна. Верувајте ми, тој ќе се докаже пред сите. Дури и на експертите во Англија. Сигурен сум во тоа. Покажете ми играч кој може да игра најдобро од првиот ден во нов клуб и нова лига. Тоа е невозможно. Флоријан е фантастичен фудбалер со извонредни квалитети. Сите знаеме колку брзо е сè во фудбалот: ако постигне два одлични гола во следните два натпревари, луѓето ќе речат: „Сега пристигна“. Тоа ќе биде исто толку погрешно како и неодамнешните критики.

- Дајте му време, дозволете му да игра – и сите во Ливерпул ќе видат колку е добар. Не се сомневам дека ќе се докаже, - порача Данецот.