Хари Кејн се изгради и блесна како играч во дресот на Тотенхем, клуб на кој му даде многу низ годините пред да заврши во редовите на Баерн Минхен.
Кејн долго време беше трпелив, даваше се од себе да им помогне на „петлите“, да бидат успешни, да освојуваат титули, меѓутоа тој во еден момент се измори и побара нов предизвик и тоа во Баерн каде конечно неговата игра донесе и резултат, па се израдува на првите клупски трофеи во кариерата.
Тој има договор со „баварците“ до 2027 година и веќе се говори дека би можел да се врати во Англија, ситуација при која Тотенхем би бил една од опциите.
- Не сум сигурен. Многу сум среќен овде во Минхен. Тоа не е нешто за кое размислувам. Секогаш ќе бидеме „ние“ бидејќи целиот мој живот го поминав таму. Јас сум нивен обожавател и секогаш ќе ги гледам и ќе гледам како им оди. Тие секогаш ќе бидат дел од мојот живот, сигурно, но засега, ми се допаѓа тука.
- Беше одлично да се види [победата во Лигата на Европа]. Имам многу пријатели таму, играчите и персоналот. Знаеме колку долго чекавме и колку блиску бевме во минатото, па затоа беше важно за сите – навивачите, клубот и сите вклучени да го имаат тоа чувство и да го донесат до крај. Тоа е секогаш важно и се надевам дека ќе можат да продолжат и да победуваат повеќе, - порача напаѓачот.