Де Јонг ги „поздрави“ новинарите: Нема да ви кажам…

Дерби

16/10/2025

11:28

136

Големина на фонт

а а а

Холандскиот интернационалец Френки Де Јонг го продолжи договорот со Барселона до 2029 година и со тоа се стави крај на дилемите околу неговата иднина на „Камп Ноу“.

Во одреден период Де Јонг „висеше“ во Барселона и изгледаше дека е на излезна врата, но тој имаше јасна цел дека сака да остане што се покажа како вистински потег за него и клубот затоа што сега е еден од најважните во екипата, поточно заедно се движечка сила, моторот на каталонците кога се работи средината на теренот.

Со новиот договорот Френки ќе заокружи една деценија во шпанскиот великан (ако го одработи до крај), а овој потпис го искористи да ги „поздрави“ и „пецне“ новинарите кои во еден период премногу говореа за неговата плата, дека заработува најмногу од сите играчи и тоа му донесе негативни поени кај навивачите особено во периодот кога не беше на посакувано ниво, па и клубот беше отворен да го продаде.

- Нема да ви кажам колку ќе заработувам, но тие секогаш многу зборувале за тоа, а го кажав и претходно, дека бројките се преувеличени, дека никогаш не беа какви што беа. Тоа влијаеше на тоа како луѓето ме гледаат. Не се чувствувам потценет од моите соиграчи, тренери или луѓе во клубот. Тоа повеќе зависи од вас (печатот). Секој има право на свое мислење, - истакна Френки кој е пресреќен што ја продолжува приказната со Барса.

- Како што секогаш сум кажувал, како дете секогаш сонував да играм за Барса, а сега го остварувам тој сон. Сакам да останам тука и да освојам многу титули. Секогаш велев дека сакам да бидам во Барселона. Сакам да останам што е можно подолго. Се чувствувам добро во врска со клубот и градот, како и со моите соиграчи и управата, - заврши Холанѓанецот.