Трамп се закани: Градоначалничката не е добра, ќе во ги одземам натпреварите на СП

Макфакс

16/10/2025

09:47

427

Големина на фонт

а а а

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) изјави дека се надева дека сите 16 градови во САД, Канада и Мексико ќе бидат подготвени да бидат домаќини на Светското првенство следната година, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе му го одземе домаќинството на Бостон.

„Безбедноста и сигурноста, секако, се одговорност на владите, кои одлучуваат што е во интерес на јавната безбедност“, се вели во соопштението на ФИФА.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека натпреварите од предградијата на Бостон би можеле да бидат преместени поради немирите во тој град.

„Можеме да им ги одземеме натпреварите. Ги сакам луѓето од Бостон и знам дека натпреварите се распродадени. Но, вашиот градоначалник не е добар“, рече Трамп за градоначалничката од Демократската партија, Мишел Ву.

Администрацијата на Трамп претходно испрати членови на Националната гарда во Вашингтон и Мемфис, додека обидите да се стори тоа во Чикаго и Портланд предизвикаа правни спорови.

Американскиот претседател претходно сугерираше дека би можел да прогласи одредени градови за „небезбедни“ за домаќини на Светското првенство, менувајќи го планот на ФИФА од 2022 година.

Тој план вклучува, меѓу другото, фудбалски натпревари на стадионите на НФЛ во близина на Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Одлуката за организација на натпреварите ја носи ФИФА, а Трамп истакна дека во случај на безбедносна закана, ќе го повика претседателот на таа организација, Џани Инфантино.

„Ако некој лошо си ја врши работата и чувствувам дека нема безбедност, би го повикал Џани – шефот на ФИФА кој е феноменален – и би рекол: „Ајде да го преместиме натпреварот на друга локација“, и тие би го направиле тоа.“

Светското првенство во фудбал е закажано за следната година од 11 јуни до 19 јули, со учество на рекордни 48 национални селекции.

Во САД, домаќинството е потврдено за 11 градови (Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Атланта, Бостон, Мајами, Њу Џерси, Филаделфија).