Како Влада ставаме особен фокус на Кочани, на развојот и иднината на Кочани. Така е и овој проект којшто го најави веќе кандидатот за градоначалник, а тоа е 100 милиони евра инвестиции во капитални и инфраструктурни проекти во делот на здравството каде што навистина најавуваме реконструкција и обнова на болницата во Кочани, каде што навистина сакаме и медицинскиот персонал, но и граѓаните на Кочани да добијат една современа, модерна болница којашто ќе опслужува и ќе работи во нивно име, вели Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМЕ.
Дополнително, како што рече се зборува за развојот на културата, на спортот, на посветување на младите, со нови спортски сали, затворен базен и се она што значи овозможување на еден добар, достоинствен живот за младите во Кочани.
„Остануваат и оние инфраструктурни проекти како што се патна, канализациона, водоводна мрежа коишто навистина се значајни за секојдневието на граѓаните во Кочани.
Навистина ми претставува чест и задоволство што можам со сигурност да кажам дека кандидатот за градоначалник, доктор Владко Грозданов, има навистина сериозна визија и посветеност за тоа што е неговата цел во идниот четиригодишен мандат, дека е вистинскиот избор, дека навистина е вашиот човек, човек на кочанчани и човек којшто навистина ќе работи за доброто на Кочани.
Мораме да направиме се што е во наша моќ, да дадеме еден соодветен пристап до Кочани, пристап којшто ќе значи развој и којшто ќе значи иднина и којшто навистина ќе го врати сјајот на Кочани и којшто ќе го направи Кочани центар во источниот регион“.