Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја поддржи или барем да не ја блокира кандидатурата на Украина за членство во Европската унија.
На форум за проширување на ЕУ во Брисел, Зеленски рече дека „Орбан има што да ѝ понуди на Украина, која во моментов ја брани цела Европа од Русија“.
Процесот за пристапување на Украина во ЕУ, започнат по руската инвазија, е во застој, бидејќи е потребна едногласна одлука од сите 27 членки. Орбан, кој одржува блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин, го користи своето вето и смета дека членството на Украина би го „разурнало“ европскиот блок.
Прашњето добива дополнителна тежина во пресрет на претстојните парламентарни избори во Унгарија.







