Мбапе: Роналдо сè уште е број еден во Реал

Дерби

14/10/2025

10:56

177

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе ја игра втората сезона во Реал Мадрид, сезона која за почна одлично и веќе има 14 погодоци зад своето име во Лигата на шампионите и Ла Лига.

Тој беше импресивен и во првата година со 44 погодоци иако тоа не донесе резултати за клубот кој остана со празни раце, но повеќе од јасно е дека неговиот ангажман е уште еден топ потег на Флорентино Перез и неговите соработници.

Французинот ќе се потруди да го испише неговото име во историјата на „кралевите“ каде според него број еден е Кристијано Роналдо кој во периодот од 2009 до 2018 година постигна 450 погодоци, освои 16 трофеи меѓу кои и четири ЛШ.

- Кристијано отсекогаш ми бил пример. Имам среќа да разговарам со него, ми дава совети, ми помогна. Мислам дека во Реал тој е сè уште број еден. Тој е референтна точка за играчите на Реал Мадрид, кој направи многу. Навивачите сè уште сонуваат за Кристијано. Но, јас сакам да го следам својот пат, - порача Килијан.