Анчелоти ја отвори вратата за Нејмар: Може да игра…

Дерби

14/10/2025

10:54

177

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти веќе неколку месеци официјално е нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација, селекција која се надева дека под водство на Италијанецот конечно ќе се врати на старите патеки и веќе наредната година ќе дојде до пехарот на СП кое се игра во САД, Мексико и Канада.

Бразилците имаат доста квалитетни играчи и Анчелоти ќе мора го пронајде вистинскиот баланс, но и некогаш ќе мора да пресече и да донесе одлуки и покрај притисокот. Темата Нејмар постојано е активна, присутна, па Карло често добива прашање дали напаѓачот ќе се врати во националниот тим, дали ќе добие шанса да биде дел од мундијалот, а искусниот стратег на свој начин ги решава овие ситуации и испраќа директни пораки до сегашниот член на Сантош.

- Нејмар може да игра на највисоко ниво во овој тим без никакви проблеми. Кога е физички подготвен, има квалитет да игра не само за Бразил, туку и за кој било тим во светот поради својот талент, - истакна стратегот чии зборови треба да допрат до Неј кој едноставно мора да фати ритам, да биде здрав, фит, подготвен ако сака да направи кам-бек во репрезентацијата.

- Бразилската репрезентација сака да игра прекрасен фудбал и може да го игра, секако, но прво мора да разјасниме што подразбираме под тоа. Играчите имаат индивидуален квалитет и посветеност, но ова е комбинирано со тимска работа и движење без топка, што е од суштинско значење во фудбалот. Важно е да се игра убаво, но најважно е да се победи.

- Мојата цел е да дадам сè од себе за бразилската репрезентација, да се обидам да ги натерам да играат најдобро што можат и да го освојат Светското првенство. Секако, ниту еден странски тренер никогаш не го освоил Светското првенство, но за сè постои прв пат, - додаде трофејниот стручњак.