Алими: Ништо не е загубено, уште е жив сонот за СП

Дерби

14/10/2025

10:51

149

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја потврди фаворитската улога во пресметката со Казахстан, па со ремито од 1-1 го загубивме првото место на табелата и сега ништо не зависи од нас кога е во прашање самиот врв и директниот пласман на Светското првенство во 2026 година.

Имавме доста проблеми на вчерашниот меч пред се во првото полувреме, недостатуваше енергија, агресивност, па сега најреално е во директниот дуел со Велс да се бориме за тоа второ место кое води во баражот за мундијалот.

- Ние направивме сè што можевме. Бевме изморени од мечот со Белгија, но успеавме да создадеме многу шанси против Казахстан. Сепак, среќата не беше на наша страна, иако требаше уште повеќе да се потрудиме за да го добиеме натпреварот. Ништо не е изгубено, уште е жив сонот за СП 2026, имаме уште еден меч и треба да мислиме на него. Потоа ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека второто полувреме играме подобро. Во првиот дел требаше да одиграме со посилен пресинг и да се потрудиме повеќе за да го добиеме мечот, - порача Исник Алими.

Во ноемврискиот репрезентативен „прозорец“ прво ќе одиграме пријателски меч со Летонија, па на 18 следи клучната битка со Велшаните во Кардиф.