[ВИДЕО] Стаорец го прекина мечот меѓу Велс и Белгија

Дерби

14/10/2025

08:51

255

Големина на фонт

а а а

Белгија славеше над Велс со 4-2 и го презема врвот во Ј групата во квалификациите за Светското првенство, група во која пак ние направивме голем кикс и одигравме само нерешено со Казахстан (1-1).

Сега Белгијците имаат отворен пат кон мундијалот, зависат сами од себе, а средбата од Кардиф освен по победата ќе ја паметат и по еден интересен момент.

На теренот се појави стаорец по што натпреварот беше за кратко прекинат во вториот дел од страна на судијата Даниел Зиберт пред на сцена на стапи Бренан Џонсон и го избрка непоканетиот гостин од теренот.

Само за потсетување ние со Велс играме во последното квалификациско коло, натпревар кој ќе биде решавачки во битката за место во баражот за мундијалот во 2026 година.