Од денеска до петок имаме две нови кола во Евролигата, двојна програма која ќе донесе возбудувања, неизвесност, голема борба со оглед на тоа што оваа сезона имаме екипи кои се доста изедначени и секого може секого да добие.
Пред четвртата и петтата рунда ги имаме најдобрите моменти од третата „епизода“ од овој „маратон“, десетте мајстории кои се најдоа во фокусот на Евролигата.
Првото место е резервирано за Нан од Панатинаикос кој со звукот на сирената ја „попари“ Басконија, додека вицешампион е Хортон-Такер со моќното забивање во соочувањето со Црвена Звезда.
Уживајте во најквалитетните потези во наредните четири минути.