Мбапе го предупредува европскиот шампион: Не знаат што ги чека на СП

Дерби

13/10/2025

13:49

230

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе како француски капитен собира се поголемо искуство, бидејќи оваа улога ја извршува повеќе од две години, или поточно од повлекувањето на Иго Лорис.

Ѕвездата на Реал Мадрид има горчлив вкус од последните две големи натпреварувања на кои Франција не успеа да дојде до златниот медал, но посебно болно за него и соиграчите беше она финале од 2022-ра година кога „триколорите“ загубија од Аргентина во Катар.

Мбапе остана покус за втора светска титула на својот втор мундијал, но затоа со голема мотивација влегува во третиот, иако на хартија Шпанија треба да биде главен фаворит за највисок пласман.

– Шпанија е тим кој ги контролира натпреварите и кој игра најдобра фудбал во Европа. Технички се многу силни, ги имаат сите предиспозиции за да играат таков технички фудбал. Шпанија е една од ретките селекции во која сите играчи учат ист стил од најмала возраст, па се до првиот тим. Големи честитки за сето она што го прават, но нивниот тим е многу млад.

– Сметам дека има многу играчи кои не знаат што значи да се игра Светско првенство. За мене, Шпанија е најдобар тим во Европа, но мундијалот носи нешто поинакво. Ќе видиме како ќе поминат, јас се надевам дека нема да играат баш добро и дека ние ќе бидеме тие кои ќе се радуваат на крајот. Ги имам доживеано сите емоции на мундијал, Светското првенство го носи најголемиот притисок. Нема многу фудбалери кои знаат како да се носат со тој притисок, а ние веќе имаме искуство во тоа, – вели Мбапе во интервјуто за „Мовистар“ со Хорхе Валдано.