Сеск Фабрегас се одлучи по завршувањето на кариерата да остане во фудбалот и тоа со активна улога на теренот и тоа како тренер.
Неговиот прв предизвик е Комо, тим во кој почна да работи во 2023 година за да веќе наредната стане перманентен предводник на тимот кој е навистина освежување за италијанскиот фудбал, клуб кој добро стои финансиски, влече потези, конкурентен и воопшто нема да биде изненадување ако сезонава заврши и на некоја од позициите кои водат во Европа.
Работата на Фабрегас не останува незабележана и се чини прашање е да време кога ќе дојде време за прифати некој позначаен предизвик. Минатово лето Интер го посакуваше како замена на Симоне Инѕаги, но работите не се наместија или поточно Сеск и клубот решија дека е најдобро да остане во Комо.
Меѓутоа свесни се и во прволигашот дека ќе дојде момент кога некогашниот ас на Барселона, Арсенал и Челси ќе си замине, но воедно очекуваат помош од него при процесот за барање на нов тренер.
- Апсолутно, тоа е многу важно. Сеск не е само тренер, туку акционер и некој што ја изградил фудбалската филозофија на клубот. Затоа, тој, од сите луѓе, мора да помогне во изборот на негов заменик еден ден ако одлучи да си оди, - порача претседателот, Мирван Суварсо.