[ВИДЕО] Социјален експеримент: Дали предрасудите се учат?

Точка

13/10/2025

11:20

132

Големина на фонт

а а а

Во најраните години децата го градат својот поглед кон светот – тогаш, без да знаат, ги учат и предрасудите.

Тие не се вродени, туку се стекнуваат преку семејството, училиштето, друштвото.. Децата ги имитираат возрасните, ги повторуваат нивните зборови и ставови, дури и кога не ги разбираат.

Психолозите велат дека децата од 2–4 години забележуваат разлики (како боја на кожа или јазик), но не ги вреднуваат. Дури подоцна, по шестата и седмата година, под влијание на околината, почнуваат да кажуваат дека нешто е „чудно“ или „погрешно“ само затоа што е различно.


Околу тинејџерската возраст предрасудите може да се зајакнат или намалат, во зависност од влијанието на врсниците, образованието и контактот со различни групи

Со цел да ја потврди тезата дека предрасудите се учат, Телеком направи едукативен социјален експеримент.

Погледнете го видеото и видете што кажаа децата:

Психолозите советуваат: зборувајте со децата за различностите на позитивен начин. Развивајте толеранција, емпатија и почит.

Да научиме поинаку. Да ги надминеме предрасудите за да вистински се поврземе. #НаправиМесто

Комерцијален текст