[ФОТО] Го носеле и нашите баби, ќе го носат и нашите внуки: Капутот на Јелена Ѓоковиќ за ден во Париз е единствениот којшто навистина ни треба

Точка

09/10/2025

08:08

3.994

Големина на фонт

а а а

Доколку може да купите само еден капут, моделот којшто Јелена Ѓоковиќ го носела викендов во Париз е совршен.

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ, изминативе денови имала можност да ужива во модната недела во Париз каде присуствувала на претставување на колекцијата од брендот „Lacoste“, а престојот во градот на светлината го искористила за прошетка и уживање.


Иако во главниот град на Франција била само еден викенд, Јелена на Инстаграм покажала дека посетила многу работи.

„Малку прошетка, малку мода... Сѐ може да направите во еден викенд“, напишала Јелена Ѓоковиќ.

Јелена за своето истражување во Париз бирала удобни модни комбинации, но и многу шик, а особено се издвоил класичниот есенски капут во боја на карамела, каков е задолжителен во есенските трендови.


Најмодерниот капут за есен и зима

Многу пред брендовите да почнат да креираат „unisex“ облека и пред мотивите од машката мода да почнат да се користат за женската облека, традиционалните машки капути со камел боја биле преобликувани во женски парчиња кон крајо на 50-тите години и тоа било почеток на револуција.


Тоа бил паметен и радикален потег на модната куќа „Max Mara“, а во децениите кои следеле едноставниот капут на ревиите станал класично парче.

Во меѓувреме го носеле Мерилин Монро и Иман, супермодели од 90-тите, принцези и кралици.


Секоја сезона тој зазема централно место во гардероберот на многу од жените, спојувајќи ја елеганцијата, топлината и сестраноста затоа што еднакво добро може да се комбинира со фармерки и чизми, па и со патики, како и со фустани и високи потпетици.