Во четвртокот на територијата на Мекедонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат меѓу 2 и 10, додека највисоките дневни ќе бидат во интервалот од 14 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 20 степени.