На 67-годишна возраст почина Панчо Минов, долгогодишен политичар и јавен функционер, кој остави голема трага во политичкиот живот на Македонија, особено во Кавадарци.
Минов во два мандати беше градоначалник на општина Кавадарци од 2000 до 2009 година.
Во Собранието, тој беше пратеник во два наврати, прво од 1990 до 1998 година, а втор пат од 2016 до 2024 година.
Во своето политичко делување Минов покажуваше особен интерес во борбата за потребите на земјоделците, особено за лозарите од Тиквешкиот регион.
На социјалните мрежи од него се опростуваат пријатели, политичари и јавни личности.