Атанасовски: Современи училишта, бесплатни оброци и униформи за учениците во Македонска Каменица

Макфакс

08/10/2025

10:32

108

Големина на фонт

а а а

Следниот мандат го продолжуваме со силен фокус на образованието и младите, затоа што тие се нашата најголема вредност и иднината на Македонска Каменица. Во првите две години, целосно ќе го реконструираме Средното општинско училиште Миле Јаневски-Џингар и спортското игралиште во Основното училиште Свети Кирил и Методиј, вели Димчо Атанасовски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ.

Најави дека ќе продолжи да ги подобрува условите за квалитетна настава со современа опрема и напредни наставни помагала.

„За поголема безбедност на нашите деца, ќе ги уредиме училишните дворови и ќе поставиме ново осветлување и заштитни огради. Секое дете до петто одделение ќе добива бесплатен оброк и училишен прибор, а сите ученици до деветто одделение ќе имаат бесплатни униформи.

Ќе го доопремиме подрачното училиште во село Моштица и ќе изградиме ново спортско игралиште за младите. Ќе вложиме и во средното образование, преку поддршка на стручните насоки, практична настава и соработка со локалните компании, за младите да добијат повеќе можности и причина повеќе да останат дома покрај своите во Македонска Каменица. Нашата цел е јасна, подобро, модерно и достапно образование за секое дете.

Затоа што млада и образована Македонска Каменица значи силна и развиена општина.

Со вашата доверба ќе продолжиме да градиме место каде секое дете ќе има еднакви можности за учење, развој и успех. Затоа на 19 октомври ве повикувам да ја дадете вашата поддршка.

Гласот за број 9 за Димчо Атанасовски, кандидат за градоначалник и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Коалицијата „Твоја Македонија“ коалицијата предводена од Гоце Стоиловски, е глас за продолжување на развојот на нашата општина“.