Доделена Нобеловата награда за физика

Макфакс

07/10/2025

18:37

211

Големина на фонт

а а а

Американските научници Џон Кларк, Мишел Деворе и Џон Мартинис ја освоија Нобеловата награда за физика за 2025 година за „експерименти што ја открија квантната физика во акција“, овозможувајќи развој на следната генерација дигитални технологии.

„Воодушевен сум. Секако, никогаш не ми падна на памет дека ова може да биде основа за Нобелова награда“, рече Кларк во на телефонска прес-конференција за да ја прослави Нобеловата награда.

„Зборувам на мобилен телефон и претпоставувам дека и вие зборувате, а една од основните причини зошто мобилниот телефон работи е целата оваа работа“, додаде Кларк.

„Овогодинешната Нобелова награда за физика обезбеди можности за развој на следната генерација квантна технологија, вклучувајќи квантна криптографија, квантни компјутери и квантни сензори“, се вели во соопштението на Комитетот за доделување на Нобеловата награда.

Квантните механички однесувања се добро проучени на ниво на неверојатно мали атомски и субатомски честички, но често се сметаат за бизарни и неинтуитивни во споредба со класичната физика и нејзините многу поголеми размери.

Квантната механика ѝ овозможува на честичката да се движи директно низ бариера користејќи процес наречен тунелирање. Штом се вклучени голем број честички, квантно-механичките ефекти обично стануваат занемарливи. Експериментите на лауреатот покажаа дека квантно-механичките својства можат да се конкретизираат на макроскопска скала.