Брза и вкусна замена за ајвар – научете како да направите „лажен ајвар“ за само 30 минути. Совршен домашен намаз од печени пиперки кој ќе ви ги милува непцата.
Ајварот е еден од најомилените намази на Балканот, но неговата подготовка често трае со часови.
Доколку немате време да стоите долго време пред шпоретот, овој рецепт за брз ајвар ќе биде вистинско решение за вас.
Состојки:
- црвени пиперки (количина по желба);
- масло за јадење;
- лук;
- сол;
- зачини по вкус.

Подготовка:
- Печење пиперки, наместо во рерна или на скара, користете тава со капак. Печете на средна температура додека пиперките не омекнат и не добијат кора.
- Ладење и лупење, оставете ги пиперките да се изладат, па излупете ги. Ова е најтешкиот дел од рецептот.
- Блендирање, ставете ги пиперките во блендер, додадете масло, сол, лук и зачини по желба.
- Последен чекор, блендирајте додека не добиете мазна смеса. Послужете веднаш со лепче,месо или како прилог.
Предности на овој рецепт: Готов е за 30-на минути, идеален е кога сакате да направите домашен намаз без долго готвење, може да го приспособите по ваш вкус (благ или лут), совршен е за појадок, вечера или како прилог за главно јадење.






