Беше најубавото девојче на светот: Денес е моќна жена – и никој не би ја препознал!

Точка

07/10/2025

15:46

2.581

Големина на фонт

а а а

Прогласена за „најубаво девојче на светот“ на само шест години – еве како изгледа денес!

Тилен Блонд стана светска сензација кога имала само шест години, благодарение на своите сини очи, долга руса коса и магичен поглед. Медиумите тогаш ја нарекоа „најубавото девојче на светот“.

Со само четири години дебитирала на пистата за „Jean Paul Gaultier“, а веќе со девет години се појавила во едиторијалот на магазинот „Vogue Enfants“, што предизвика глобална контроверзија поради претерано зрелиот стил и шминка за толку младо девојче.


Денес не би ја препознале!

Денес, на 24 години, францускиот модел и актерка изгледа речиси непрепознатливо, иако сè уште живее под светлината на рефлекторите. Нејзината трансформација ја следеше целиот свет. Родена е на 5 април 2001 година во Екс-ан-Прованс, Франција, како ќерка на фудбалерот Патрик Блонд и телевизиската водителка Вероник Лубри. Нејзините родители се разведоа во 2016 година.


Модна кариера долга две децении

Од четвртата година соработува со некои од најпознатите светски модни куќи и брендови, како што се: „Dolce & Gabbana“, „Ralph Lauren“, „Chanel“, „L’Oréal“ и „Versace“. Кампањата за „Vogue Enfants“ предизвика бурни реакции поради провокативниот изглед, но нејзината мајка ја бранеше:

„Единственото што ме шокираше на таа фотографија беше ѓерданот што вреди 3 милиони евра“, изјави Вероник.


Веќе на 13 години се најде на насловната страница на магазинот „Jalouse“, а во 2015 година дебитираше како актерка во филмот „Belle et Sébastien: L’aventure continue“ („Бел и Себастијан: Авантурите продолжуваат“). Во 2017 година стана амбасадорка на брендот „L’Oréal“, а во рекламни кампањи се појавуваше рамо до рамо со Зендеја, Пресли Гербер и Лаки Блу Смит.

Во 2018 година го освои првото место на листата „100 најубави лица на светот“ според „TC Candler“, а се најде на истата листа и во 2014, 2015, 2016, 2017 и 2019 година.


Сопственичка на неколку брендови

Тилен денес не е само модел, туку и успешна претприемачка. Таа го основа својот моден бренд „Heaven May“ и козметичката линија „Enalyht“, пренесува „Mirror“. Денес има повеќе од 7 милиони следбеници на „Instagram“, а нејзиниот изглед на Филмскиот фестивал во Кан во 2025 година ја остави публиката без здив — делуваше како сосема нова личност.