Марија доживеала 117 години, научниците ја открија тајната на нејзината долговечност: Ова го пиела трипати дневно, а една намирница целосно ја избегнувала

Точка

07/10/2025

13:04

1.751

Големина на фонт

а а а

Шпанката Марија Брањас проживеала повеќе од еден век историја — две светски војни, Шпанската граѓанска војна и пандемиите на шпанскиот грип и ковид-19 — и речиси целиот живот останала бистра и витална.

Три јогурта дневно можеби се клучот за долг и здрав живот — барем ако се суди според искуството на Марија Брањас Морера, најстарата личност на светот до нејзината смрт минатата година, во 118-та година од животот. Научниците кои ги проучувале нејзините ДНК, физиологија и прехранбени навики веруваат дека токму редовното консумирање пробиотски јогурти одиграло значајна улога во нејзиното здраво стареење. Иако Марија својата долговечност ја припишувала на „среќата и добрите гени“, истражувачите сметаат дека нејзината секојдневна навика имала значителен ефект, пишува „The Telegraph“.


Брањас речиси цела деценија секојдневно пиела по три јогурта — главно обични, без додаден шеќер. Особено ги сакала оние богати со корисни бактерии како Lactobacillus delbrueckii bulgaricus и Streptococcus thermophilus. Овие бактерии се познати по тоа што ја зајакнуваат цревната микрофлора и помагаат во борба против воспаленија.


Анализите покажале дека нејзината биолошка старост била дури 23 години помала од вистинската. Освен јогурт, таа внесувала и големи количини растителни влакна — на пример, наутро пиела смути од осум различни житарици — што служело како пребиотик, односно храна за корисните цревни бактерии. Комбинацијата од пробиотици и пребиотици го поттикнувала доминирањето на корисни микроорганизми, особено од родот Bifidobacterium, што веројатно придонело за нејзината виталност.

Медитеранска исхрана и здрави навики

Нејзиното мени било пример за традиционалната медитеранска исхрана: многу зеленчук, овошје, јаткасти плодови, семиња и маслиново масло, со малку црвено месо и преработена храна. Го избегнувала алкохолот, вишокот шеќер и масната храна, а никогаш не пушела. Освен здравата исхрана, голема улога играла и генетиката. Но, истражувачите нагласуваат дека комбинацијата од балансирана исхрана, добар микробиом и уреден начин на живот може значително да го забави биолошкото стареење.


„Нашите резултати помагаат во идентификација на факторите што би можеле да им помогнат на многу постари лица да живеат подолго и поздраво“, изјави доктор Мануел Естелјер, раководител на студијата објавена во списанието „Cell Reports Medicine“.

„Видовме дека избегнувањето на алкохол, тутун, прекумерни масти и шеќери, заедно со редовна консумација на јогурт, може да има многу позитивно влијание врз здравјето и долговечноста“.