[ФОТО] Кога го соблекла капутот, Париз запрел на момент: Стилот на Хајди Клум на модната недела бил низа од перформанси

Точка

07/10/2025

08:00

3.286

Големина на фонт

а а а

Славната Германка пристигнала во главниот град на Франција одлучна да фасцинира. И, успеала во тоа!

На модната недела во Париз учествувале голем број ѕвезди, а една од најголемите годинава била Хајди Клум, популарната германска манекенка која во Градот на светлина пристигнала во друштво на својата ќерка Лени.


Славната убавица го започнала својот престој во Париз со прошетка по пистата на ревијата „L’Оreal“, а потоа била гостинка во публиката на бројни други ревии и гала настани во текот на модната недела.


Хајди за тоа време носела неколку незаборавни изданија, а без сомнеж најмногу се зборувало за нејзиниот стил на претставувањето на новата колекција на модната куќа „Vatements“ кога пристигнала во макси капут, а кога го соблекла го покажала смелиот „гол фустан“ од чипка.


За модните експерти секако најблескав момент бил оној кога Хајди била на забавата ан „BoF“ на која носела бел фустан од брендот „Stephane Rolland“, исклучителен примерок на високата мода.

Станувало збор за струкиран, релјефен фустан со широк крој и ракави, со проѕирна ткаенина, украсен со кристали.