Студијата која ја спровела компанијата „Holafly“, работела на истражување на пример од 50 градови ширум светот, користејќи ги податоците од платформите „TripAdvisor“ и „Numbeo“.
Истражувачката студија користела параметри како што се бројот на паркови и резервати на природата, бањи, густина на сообраќајот, квалитетот на воздухот, бројот на сончеви денови во текот на годината, како и вкупното ниво на среќа од индексот на среќни градови за 2025 година.
Секоја метрика се оценувала на скала од 1 до 100, а конечните резултати биле пресметани како просек на сите параметри, при што повисоките резултати укажувале на поопуштен град.
Сан Диего го зазел првото место од листата како одлична дестинација за опуштање. Познат по прекрасното крајбрежје, опуштен стил на живот, 266 паркови и резервати на природата, што е најмногу од било кој друг град опфатен во студијата.
Градот се наоѓа на самата граница со Мексико и е втор град по големина во американската сојузна држава Калифорнија, а осми во САД.
Најпозната локација таму е „Балбоа“ паркот, срцето на градот, со музеи, тематски градини, познати зоолошки градини.
Сингапур го зазел второто место со 242 паркови и неверојатни 698 велнес-центри, но и со највисок индекс на среќа меѓу жителите.
Третото место го зазела Виена, позната по чистиот воздух, бујното зеленило и ефикасен сообраќај, дури и во време на метеж.
Следат градовите во Австралија, Сиднеј и Мелбурн, додека пак Берлин, Окленд, Портланд, Рим и Хелсинки исто така се нашле меѓу топ 10-те градови.
Мадрид и Барселона исто така се нашле на листата, што потврдува дека Европа и натаму знае како да ги спои културата и квалитетот на животот.