Нашиот познат стилист Октај Сејди деновиве престојува во срцето на Франција, Париз, каде ја следи светски познатата Модна недела.
Меѓу бројните објави од стајлинзите на присутните и општо целата атмосфера, се издвои една објава на која тој позира со познатата манекенка Хајди Клум.
Во описот на објавата, Октај откри дека Клум му порачала дека тие двајца имале слични стајлинзи, бидејќи и двајцата носеле сиви модни комбинации.
Оваа фотографија со славната Германка предизвика бројни коментари и споделувања на социјалните мрежи, дополнително нагласувајќи го неговиот статус како еден од нашите најследени стилски инфлуенсери.
Клум ја видовме во истиот капут на ревијата на „Vetements“ заедно со ќерката Лени, а под истиот манекенката го покажа целосно проѕирниот фустан под кој носела само бели танга ѓакички, во комбинација со беж салонки.