Герасимовски: Поставуваме пристапни рампи во секој новоизграден објект, се грижиме за сите граѓани

Макфакс

05/10/2025

13:26

118

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, синоќа беше со жителите на Кале кадешто дискустираа за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат. Граѓаните кои живеат на Кале му се заблагодарија на Герасимовски за поставувањето на ново игралиште кадешто децата и младите од оваа населба рекреираат и спортуваат.

Герасимовски, информираше дека за четири години инвестирани се над 13 милиони евра во Центар за подобрување на условите во градинките, во училиштата, за реконструкција на улици, за вложување во младите, за реконструкција на повеќе од 24 улици.

Тој, најави нови мерки со кои продолжува прогресот на општината.

„Еден од главните приоритети во новата програмата е изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, кадешто обезбедуваме простор за вработување на околу 25 воспитувачи. Планираме и набавка на две цистерни и пет метларки за да го подигнеме капацитетот на хигиена во сите општини. Во план е поставување на пристапна рампа за лицата со попречености во секој новоизграден објект, со ова покажуваме грижа кон сите граѓани. Како една од новините, исто така е и обезбедувањето на бесплатен училишен оброк за учениците во целодневна настава“, рече Герасимовски.