Дел Пјеро објасни зошто Милан е кандидат за титулата во Серија А

Дерби

04/10/2025

16:28

315

Големина на фонт

а а а

Милан го дочека шестото коло како лидер во Серија А, коло во кое го очекува нов сериозен испит, пресметка со Јувентус во Торино.

„Црвено-црните“ во претходната рунда го добија Наполи со 2-1 во меч во кој скоро целото второ полувреме го играа со играч помалку, резултат кој веќе е историја затоа што сега го очекува нова битка против моќен ривал.

Ваквите резултати носат прашања дали Милан е какндидат за Скудетото, дали може да биде пред екипи како Наполи, Интер, па и Јувентус, а легендарниот Дел Пјеро наведе неколку причини зошто едноставно треба да се внимава на избраниците на Макс Алегри.

-Од повеќе причини, да, бидејќи тие играат само во лигата, што им овозможува многу добро да ја подготват неделата и да имаат играчи физички подготвени, без патувања или прекини. Исто така, бидејќи имаат квалитет, не само Рабио, туку и Модриќ, Леао и Салемакерс. Тоа е добро структуриран тим, -истакна Алекс кој во однос на неделното дерби порача:

-Ќе биде одличен натпревар. Сè уште е на почетокот на сезоната, па можеби реваншот ќе биде поинтересен од други причини, но ова е веќе добар тест за двата тима да го разберат своето моментално ниво на зрелост, -рече Италијанецот.