Супермоделот Хајди Клум (52) повторно се најде во центарот на вниманието на Модната недела во Париз, појавувајќи се на ревијата на модната куќа „Ветмо“ за колекцијата пролет/лето 2026. Но, наместо вообичаени пофалби, овој пат манекенката доби повеќе критики и потсмев.
Клум се појави во проѕирен чипкан фустан кој ги откриваше белите танга гаќички и фактот дека не носи градник. Изгледот го заокружи со салонки во боја на кожа, црни очила за сонце, тешка шминка и несекојдневен моден додаток – златни навлаки за заби.
Фотографиите од ревијата веднаш предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи. Многумина го оценија изгледот како вулгарен и очаен обид за привлекување внимание.
„Изгледа емотивно незрело. Очајнички се држи до своите 20-ти. Очајот не е привлечен – само тажно“, напиша еден коментатор. Друг додаде: „Зрачи со очај. Апсолутно без класа“.
Иако ваквите проѕирни комбинации одамна се присутни на црвените килими, благодарение на имиња како Ким Кардашијан и Бјанка Ценсори, многумина сметаат дека тоа било несоодветен потег за Клум.
Особено внимание привлече фактот што Клум на ревијата пристигна со својата 21-годишна ќерка Лени, која чекори по стапките на мајка си во модниот свет. Лени беше облечена многу поскромно, во кратка црна маица и тесна сукња, но дел од јавноста смета дека Клум со својот избор го украла нејзиниот момент.
„Уште една Мадона – не може да порасне. Му го краде вниманието на сопственото дете“, забележа еден коментатор.