[ФОТО] „Чоколадна“ фантазија во духот на стариот Холивуд: Гламурозното издание на Амал Клуни пред кое Лондон воздивнувал

Точка

04/10/2025

12:27

634

Големина на фонт

а а а

Во Природниот музеј во Лондон организирана била церемонијата „Олби“ зад која стои Фондацијата на Клуни за правда.

На овој настан присуствувале бројни познати личности: Мерил Стрип, Мег Рајан, Фелисити Џоинс, Донатела Версаче и многу други, а секако сите погледи биле насочени кон домаќините.


Амал Клуни рака под рака на оваа свеченост прошетала со сопругот Џорџ Клуни и апсолутно воодушевила со својот изглед.

Станувало збор за мини-фустан, оние со кои Амал секогаш знае да ги воодушеви присутните.

Амал носела кафеав фустан од ателјето на „Версаче“ којшто апсолутно зрачи со гламур на стариот Холивуд.


Оваа креација ја карактеризирало драматично деколте и одличен долен дел којшто се спуштал до подот.

Амал овој „чоколаден“ фустан го искомбинирала со златни обетки, прстени и мала чантичка, како и чевли во иста нијанса на боја како фустанот.


Блескала во неутралниот и гламурозен изглед со топли нијанси на шминка и локни прошарани со руси прамени.

Што се однесува до нејзиниот сопруг, Џорџ, совршено бил усогласен со стајлингот на сопругата, па носел темносин костум со соодветна вратоврска и бела кошула.