[ВИДЕО] Пожар и експлозии во рафинерија за нафта во Русија по напад со дронови

Макфакс

04/10/2025

09:46

587

Големина на фонт

а а а

Рафинерија за нафта во градот Кириши, недалеку од Санкт Петербург, беше нападната со беспилотни летала, соопштија руските власти и локалните медиуми.

Сведоците пријавиле силна експлозија и пожар во индустрискиот комплекс. Регионалниот гувернер, Александар Дрозденко, потврди дека нападот се случил и дека противвоздушната одбрана успеала да уништи седум дронови над Кириши. Тој додаде дека пожарот во индустриската зона е изгаснат.

Рафинеријата во Кириши, која се наоѓа на повеќе од 800 километри од границата со Украина, е една од најголемите во Русија и веќе беше цел на неколку напади во март и септември годинава, како и во март 2024 година.

Киев систематски ги засилува нападите врз руската нафтена и воено-индустриска инфраструктура, тврдејќи дека овие објекти се легитимни воени цели, бидејќи директно ја поддржуваат воената активност на Москва.