Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека за време на одбележувањето на 35-годишнината од повторното обединување на Германија, требало да биде поканет „некој од Источна Европа“ наместо францускиот претседател Емануел Макрон.
Како што објавија западните медиуми, Меркел нагласи дека немала забелешки на говорот на сегашниот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Бундесратот Анке Релингер на церемонијата. Сепак, таа додаде дека би претпочитала некој поблизок до искуството од Источна Германија или Источна Европа да биде избран за говорник.
„Колку и да го почитувам претседателот Макрон, можеби некој од Источна Европа или Источна Германија можеше да биде избран за гостин-говорник“, рече поранешната канцеларка.
Според медиумите, зад ваквите зборови стои и политичка порака – бидејќи Меркел беше во Будимпешта неколку дена пред прославата, каде што се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Токму тој се споменува како лицето на кое Меркел се осврнала кога зборувала за „некој од Источна Европа“.