Алонсо: Одлуката за Валверде ја донесов пред неговата изјава

Дерби

01/10/2025

10:49

2.350

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо продолжи со ротациите во својот тим и вчера во стартниот тим на Реал се најдоа Фран Гарсија и Раул Асенсио како лев и десен бек, одлука со која им даде одмор на двајца играчи кои беа очекувани во почетните 11 против Каират.

Новиот тренер на Реал Мадрид е исклучително претпазлив и сака да им даде шанса на сите играчи кои ги има во својот ростер, но исто така сака да заштеди сили и да избегне непотребни повреди со дозирање на дел од фудбалерите во даден момент.

Последно таков ред дојде и за Валверде и Карерас, но бидејќи ваквата одлука за Феде дојде по изјавата која ја даде Уругваецот во најавата за натпреварот со Каират, Чаби мораше да дава и објаснувања.

Феде пред натпреварот нагласи дека не сака да игра како десен бек во ситуација кога важеше за играч кој може да ја покрие таа страна во отсуство на Карвахал и Арнолд, па дел од новинарите се посомневаа дека Чаби го казнува својот фудбалер за својата непотребна изјава од прес-центарот во Алмати.

– Одлуката за Феде ја имав донесено уште пред да даде таква изјава на прес-конференцијата. Феде е подготвен да игра и секогаш се става на располагање на тимот, тоа го покажал во безброј наврати. Ако имаше потреба да влезе, немаше да се двоумам да го направам тоа, но сметам дека треба да ги дозираме сите играчи. Истото го направив и со Карерас, имаме доволен број на играчи за да менаџираме вакви ситуации, – изјави Алонсо по победата од 0:5.