[ФОТО] Интересен тандем: Голден Стејт му донесе најпосакуван конкурент на Стеф Кари

Дерби

01/10/2025

10:45

584

Големина на фонт

а а а

Стеф Кари цела своја играчка кариера ја гради во Голден Стејт и сите најголеми достигнувања во кариерата ги оствари како „воин“, а како што стојат работите, таков ќе биде случајот и до крајот на кариерата.

Најдобриот шутер на сите времиња е симбол за верност и лојалност и поради тоа има еден од најбогатите договори во лигата, но франшизата од Сан Франциско доста често го советува и за прашања кои се поврзани за играчкиот ростер пред стартот на секоја сезона.

Голден Стејт пред два дена го договори искусниот Ал Хорфорд како големо засилување под обрачите, но сега му носи и конкуренција на Стеф Кари, и тоа најпосакувана за извонредниот шутер.

„ЕСПН“ ексклузивно пренесе дека Сет Кари како слободен агент му се приклучува на неговиот брат во Голден Стејт, а планирано е да се појави на тимскиот тренинг веќе денеска.

Сет Кари исто така важи за одличен шутер и во изминатите години насобра големо НБА искуство, но сега за првпат во кариерата ќе ја дели соблекувалната и теренот со својот попознат и далеку подобар брат.