Пирес му ја скрои судбината на Артета: За фановите е важна само една работа

Дерби

01/10/2025

10:42

265

Големина на фонт

а а а

Арсенал потроши повеќе од 250 милиони фунти на трансфер пазарот за да му исполни неколку желби на својот менаџер Микел Артета, а по сериозниот финансиски напор кој беше направен, Шпанецот според многумина веќе нема никаков изговор во трката за премиерлигашката титула.

Вторите места во претходните три сезони беа премала утеха за навивачите од Северен Лондон, па во ситуација кога актуелниот тим на Арсенал изгледа навистина добро и подготвено да се бори за највисок дострел, легендарниот Робер Пирес испрати свој тип за иднината на шпанскиот стручњак.

Пирес смета дека судбината на Артета ќе зависи од завршниот исход во Премиер лигата, или поточно, тој е убеден дека Артета ќе добие отказ ако не ја освои Премиер лигата на крајот од сезоната.

– Ако Арсенал не го освои трофејот оваа сезона, верувам дека менаџментот ќе се сврти кон нов менаџер и ќе направи промена во стручниот штаб, тоа е моето скромо мислење.

– Артета е тука веќе пет години и за жал, титулата му избега во неколку наврати. Единствена важна работа за фановите е титулата, а на крајот ќе му се суди за тоа. Беа потрошени многу пари во текот на летото, имаше одредени барања и сите му беа исполнети. Ако Арсенал не ја освои титулата, дефинитивно ќе има промена на клупата.

– Знам дека нема да биде лесно, тука се Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, но сметам дека Арсенал сега има ас во ракавот и доволно добри играчи за да стигне до титула. Верувам дека на крајот ќе успее во намерата, – изјави Пирес.