„Перница“ колачот е многу едноставен, но вкусен десерт со крем-сирење.
Иако поради крем - сирењето многумина можеби ќе се двоумат околу приготовката и вкусот, истиот речиси и не се чувствува поради бисквитот од какао, а колачот одлично се комбинира со попладневно кафе или чај.
Состојки за првиот дел:
Четири белки
четири лажици шеќер
Состојки за вториот дел:
четири жолчки
четири лажици шеќер
100 милилитри млеко
100 милилитри масло
180 грама брашно или осум полни лажици
две полни лажици какао
10 грама прашок за печиво
Состојки за третиот дел:
400 гр крем-сирење
150 гр шеќер
едно јајце
една лажица брашно
Подготовка:
Прво, изматете ги белките со шеќерот додека да добиете цврста смеса. Во друг сад, изматете ги жолчките со шеќерот, потоа додадете го маслото и млекото и продолжете со матењето.
Соединете го брашното, какаото и прашокот за печиво, потоа додадете ги во смесата од жолчки и добро изматете. Постепено додавајте ги изматените белки и сè заедно измешајте со лажица.
Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Ќе ви биде потребен плех за печење со димензии 33×23 см или слично. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.
Во друг сад, измешајте го сирењето, јајцето, брашното и шеќерот, потоа префрлете ја смесата во кеса за шприц или во обична кеса за замрзнување и отсечете го врвот. Потоа, премачкајте ја смесата од сирење врз смесата од какао. Печете го колачот 40 минути на 180 степени. Кога ќе се излади, свртете го колачот така што страната со какао да биде свртена нагоре и наросете со шеќер во прав.
Извор: Domaći Recepti