Екипата на Милан со учинок од четири победи и еден пораз или вкупно 12 бода е на врвот на табелата во италијанската Серија А.
Триумфот над актуелниот првак Наполи од 2-1 им овозможи да дојдат до првата позиција што е одлична најава за тековнава сезона во која „росонерите“ имаат јасно поставена цел, да бидат во топ 4 и да го обезбедат билет за Лигата на шампионите.
Тренерот Макс Алегри за кого ова е втор мандат на „Сан Сиро“ е доста искусен и веќе знае отприлика колку бодови ќе му бидат потребни на Милан за да дојде до елитното натпреварување.
-Видов група момци кои сакаат напорно да работат и добро се снаоѓаат, кои знаат дека целта е да се вратат во Лигата на шампионите. За да стигнеме таму, ни требаат уште 64 бода, па затоа мора да одиме полека, мирно, уживајќи во победите, но без премногу да се занесуваме, -заклучи Алегри.
Наредниот предизвик за „росонерите“ е Јувентус и тоа во Торино.