Флоријан Вирц заедно со Александер Исак беа најскапите засилувања за Ливерпул во летниот преоден рок, двајца играчи кои засега не се прославија во новата средина особено Германецот кој е тука од самиот почеток и мина низ целиот досегашен процес на натпреварувачката 2025/2026.
Некогашниот член на Баер Леверкузен нема забележано ниту гол, ниту асистенција во Премиер лигата и Лигата на шампионите, се уште не може да го најде своето место во екипата, па веќе има и критики за играта иако се уште сме во раната фаза на сезоната.
Легендарниот Вејн Руни се вклучи во дебатата и според него Флоријан ја нарушува „рамнотежата“ на тимот.
-Тешко му е, не мислам дека има некој што би го негирал тоа. Ќе бара длабоко во себе за да се обиде да го поправи тоа и ќе се обиде да открие. Мислам дека играше добро, но кога ќе потпишете толку многу играчи како Ливерпул, а тие потпишаа практично сосема нова линија на нападот, а воедно го имаат и Мо Салах таму, тогаш сите се натпреваруваат.
-И мислам дека Вирц е оној кој веројатно не се снаоѓа толку добро. Има толку многу способности, но за мене, не гледам каде ќе влезе во тимот. Беа многу пари и мислам дека Вирц всушност ја оштетува рамнотежата на Ливерпул, начинот на кој играат. Но, тој е врвен играч и сигурен сум дека ќе стане подобар, секако дека ќе биде. Но имаше бавен почеток и мислам дека тоа не може да се негира-истакна Руни и додаде:
-Видов играчи како доаѓаат во оваа лига и тоа одзема време. За мене, не е цената, не е играчот и неговата способност. Не гледам каде се вклопува во она што го прави Ливерпул во тој систем. Значи, дали е тој трет играч од средниот ред? За мене, не, тој е повеќе напаѓачки играч. Значи, ако треба да бирам помеѓу него и Собослаи, тогаш го бирам Собослаи, -порачува некогашниот напаѓач.