Слот откри зошто најрасположениот играч на Ливерпул е недостапен за мечот со Галатасарај

Дерби

30/09/2025

08:41

364

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Ливерпул го остави зад себе поразот од Кристал Палас во Премиер лигата и се насочи кон соочувањето со Галасарај во Лигата на шампионите.

„Црвените“ се фаворити на хартија, но домаќиниот е сериозен и квалитетен тим кој со помош на навивачите и лудата атмосфера во Истанбул сигурно ќе биде вистинска опасност за нив.

Ливерпул за овој дуел останаа и без еден значаен фудбалер, најрасположениот играч на екипата во претходната седмица Федерико Киеза кој прво против Саутемптон во Лига Купот забележа две асистенции, а потоа го постигна и единствениот погодок за својот тим на „Селхрст Парк“ во шампионатот.

Тренерот Арне Слот откри дека напаѓачот има мал проблем и ќе биде сочуван за дербито со Челси.

-Заработи мала повреда на мечот со Кристал Палас. Денес се обиде, беше на теренот на почетокот, но не можеше да го заврши тренингот, па решивме да не го земаме бидејќи за неколку дена повторно е Челси, -истакна Слот.

Средбата Галатасарај-Ливерпул се игра од 21 часот.