[ФОТО] Фрапантна статистика: Угледниот „АС“ ја посочи главната причина за дебаклот на Реал во дербито

Дерби

30/09/2025

08:28

1.288

Големина на фонт

а а а

Трчањето не секогаш е пресуден елемент во фудбалската игра, но ако не трчате доволно и не се залагате за својот тим, постојат големи шанси да бидете уништени на теренот.

Ова е воведот кој го има угледниот мадридски весник „АС“ во својата специјална вест посветена на големото мадридско дерби, за кое сега излезе со студиозна анализа за сето она што се случуваше на теренот на „Метрополитано“.

Реал Мадрид го претрпе првиот пораз во сезоната и беше целосно надигран од Атлетико Мадрид, но „АС“ уверува дека главна причина за поразот е статистичкиот податок кој изгледа фрапантно.

„Кралевите“ го имаа овој проблем и во последната сезона под водство на Карло Анчелоти, а бидејќи истиот се повторил и на дербито, за угледниот мадридски медиум сега не е никакво изненадување тоа што избраниците на Чоло Симеоне целосно ги разбија оние на Чаби Алонсо.

„АС“ ги собра податоците од педантните статистичари на Ла Лига и пресмета дека секој играч на Атлетико Мадрид во просек истрчал по 9,6 километри, додека оние на Реал по 7,8 километри.

Разликата од речиси два километри по играч (1,8) е огромна за професионално ниво, па не чуди фактот што добар дел од ѕвездите на Реал по натпреварот тврдеа дека им недостасувало активност и став на теренот во тешкиот пораз во мадридското дерби.

Атлетико за првпат после 75 години му даде пет гола на Реал во една градска пресметка, а според анализата на „АС“, сето тоа се должи на максималното залагање и беспоштедното трчање од воините на Симеоне.