Лука Модриќ добива безброј пофалби од сите медиуми во Италија за влијанието кое го има во тимот на Милан, а после мастеркласот кој го имаше на средината на теренот против Наполи, позитивните коментари беа уште поактуелни во јавноста.
Хрватскиот маестро е топ тема во Милано и сосема заслужено добива голем медиумски публицитет, но на социјалните мрежи се шири и едно видео кое е вирален хит.
Модриќ експресно брзо се аклиматизираше и адаптираше на италијанскиот фудбал и покажува дека може да биде лидер на 40-години, но дел од фановите издвоија еден момент од дербито против Наполи како убедливо најкомичен.
Modric has only played 5 games in Italy and he has already become Italian🤣🇮🇹 pic.twitter.com/2u20M03dGI
— 🦅 (@nemaccer) September 29, 2025
Сосема очекувано, дерби пресметката на „Сан Сиро“ донесе и тензични моменти во кои актерите на двата тима имаа спротивставени мислења, а во една таква ситуација, Модриќ се прикажа во најиталијанско можно издание.
Иако одигра само пет натпревари во Серија А, Лука најверојатно веќе ги има прифатено италијанските манири, а тоа може да се заклучи од објаснувањата кои ги бараше од главниот судија Даниеле Кифи по една негова одлука.