Конте го подбра и предупреди Де Брујне: Избрал погрешен човек за таков однос!

Дерби

30/09/2025

07:49

553

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте мирно изрегира на бесниот излив на емоции кој го имаше Кевин Де Брујне, но во разговорот со италијанските новинари, не пропуштил да испрати прво предупредување до големата ѕвезда која пристигна како слободен агент ова лето.

Белгискиот фудбалер едвај се поздрави со Елиф Елмас кога излегуваше од игра и нервозно мина кај тренерот без да му подаде рака, па Конте мораше да ја коментира и оваа тема по поразот кој го претрпе неговиот тим на дербито против Милан.

– Се обидов да внесам свежина на теренот, потребни ние беа свежи фудбалери бидејќи Милан целосно се затвори. Правите замени со цел да ги промените нештата на теренот и мислам дека одлуките беа добри.

– Де Брујне? Ако беше лут за резултатот, тогаш е во ред. Но, ако тоа го направи поради измената, тогаш си фатил работа со погрешната личност за таков однос……, – изјави Конте.

За Наполи ова беше прв пораз во новата сезона, па сега италијанскиот првак е израмнет на врвот заедно со Милан и Рома, тимови кои исто така имаа 12 бода по пет комплетирани рунди.