Манчестер Сити без проблеми се справи со Барнли во средбата од Премиер лигата, меч на кој домаќините настапија без довчерашниот фудбалер на светот Родри.
Шпанецот воопшто не беше ниту на клупата што секако беше чудно, но за тоа има причина затоа што играчот аз врска има проблем со коленото.
Тој се пожалил на болки на истото десно колено кое го оперираше и ја пропушти скоро цела сезона.
-На тренигот ми рече: Не можам да играм, чувствувам силна болка во коленото. Јас му реков: ако не можеш да играш, нема да играш. Ќе игра некој друг. Не знам ништо друго во овој момент освен дека се работи за истото колено кое го повреди лани, -истакна Пеп Гвардиола.
Ако се работи за нешто посериозно и играчот за врска мора да паузира, тоа ќе биде сериозен удар за „граѓаните“.