Дебранец ги пресекол и ги однел каблите за улично осветлување

Макфакс

24/11/2026

12:00

86

Големина на фонт

а а а

Дебранец е пријавен за намерно пресекување и однесување на каблите за улично осветлување, со што планирал да ја уништи јавната електрична инсталација.

Понедесена е кривична пријава против 52-годишен дебранец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уништување или оштетување јавни инсталации.

Како што информира МВР, на 12 ноември пријавениот со работен алат намерно ги пресекол каблите поставени на дрвените столбови за улично осветлување, по што ги собрал.

На тој начин ја онеспособил електричната инсталација за јавно осветлување во должина од 120 до 150 метри.