Тиквеш подобар од Македонија ЃП, Арсими го совлада Шкупи

Макфакс

27/09/2025

17:40

185

Големина на фонт

а а а

Тиквеш успеа да слави со 2-1 против Македонија ЃП, додека Арсими ја совлада Шкупи со 4-2 во денешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига.

Во Кавадарци, Тиквеш поведе рано, во деветтата минута, со голот на Берат Садик со удар со глава. Македонија ЃП израмни во 58. минута преку пеналот реализиран од Ѓорѓи Стоилов, но Иван Ивановски во 68. минута донесе победнички погодок за домаќините.

Во Гостивар, Арсими беше подобар од Шкупи и славеше со 4-2. Иако гостите успеаја да израмнат на 2-2 во 76. минута, Арсими со два голови во завршницата ја обезбеди конечната победа